Свет

17 јули, 2019

Музички ѕвезди од цела Африка на новиот албум на Бијонсе за „Кралот лав“

Покрај официјалниот саундтрак за новата верзија на „Кралот лав“, Бијонсе подготви и уште еден посебен албум со песни инспирирани од филмот, меѓу кои и неодамна објавениот сингл „Spirit“. Таа денеска ги откри и соработниците за изданието насловено „The Lion Ling: The Gift“, вклучувајќи голем број музички ѕвезди од цела Африка.

Овој албум е како љубовно писмо до Африка и сакав да се осигурам дека на него ќе се најдат најдобрите таленти од Африка. Не сакав само да искористиме звуци или да направам свои интерпретации, сакав да биде автентично за музиката од Африка. Тапани и припеви, сите тие неверојатни нови звуци споени со продуцентите од Америка, ние создадовме нов жанр“, објасни пејачката, која во филмот го позајмува гласот за лавицата Нала.

View this post on Instagram

The Lion King: The Gift ✨🦁

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on

Дел од гостите на албумот се нигериските афробит-ѕвезди Бурна Бој, Мистер Изи и Јеми Аладе, потоа Шата Вале од Гана, Салатиел од Камерун, Бусисва и Мунчајлд Санели од Јужна Африка, а тука се и американските колеги Доналд Гловер алијас Чајлдиш Гамбино, кој го позајмува гласот за Симба, Фарел Вилијамс, Кендрик Ламар, Визкид, сопругот Џеј Зи и ќеркичката Блу Ајви.

„The Lion King: The Gift“ ќе пристигне на 19 јули, а официјалниот саундтрак за „Кралот лав“ е веќе објавен и истиот можете да го преслушате овде.

The Lion King: The Gift:

01 Beyoncé: “Bigger”
02 Beyoncé: “Find Your Way Back (Circle of Life)”
03 Tekno / Yemi Alade / Mr. Eazi: “Don’t Jealous Me”
04 Burna Boy: “Ja Ara E”
05 Beyoncé / Kendrick Lamar: “The Nile”
06 Beyoncé / JAY-Z / Childish Gambino: “Mood 4 Eva”
07 Salatiel / Pharrell / Beyoncé: “Water”
08 Blue Ivy Carter / SAINt JHN / WizKid / Beyoncé: “Brown Skin Girl”
09 Tiwa Savage / Mr. Eazi: “Keys to the Kingdom”
10 Beyoncé: “Otherside”
11 Beyoncé / Shatta Wale: “Already”
12 Tierra Whack / Beyoncé / Busiswa / Yemi Alade / Moonchild Sanelly: “My Power”
13 070 Shake / Jessie Reyez: “Scar”
14 Beyoncé: “Spirit”



Врати се горе ↑