Настани 20121101-benefit-600-1351772678

1 ноември, 2012

Музички ѕвезди на хуманитарен настан за „Сенди“

Деновиве на источниот брег на САД беснееше ураганот Сенди, која опустоши голем дел Њујорк и околината. Токму тоа е причината за хуманитарниот настан кој ќе се случи во петок, а ќе биде пренесуван во живо на повеќе американски телевизиски станици. Големи музички имиња како што се Брус Спрингстин, Кристина Агилера, Бон Џови, Стинг и Били Џоел ќе настапуваат на овој настан под мотото „Hurricane Sandy: Coming Together“. Сите изведувачи освен британецот Стинг, ќе собираат средства за помош на нивните родни краишта, како што е познато Спрингстин и Бон Џови се од Њу Џерзи, Агилера од Стејтен Ајленд и Били Џоел е роден во Бронкс, а сите тие регион се погодени од бурата, особено Њу Џерзи, каде што штетата е непроценлива.

Настанот ќе се емитува во петок од 20 часот на NBC, NBC.com, USA Network, SyFy, MSNBC, CNBC, Bravo, E!, Style Network, G4 и други. Сите парични средства ќе бидат донирани на Американскиот Црвен Крст.

 



Врати се горе ↑