Настани IMG_3515

16 јуни, 2013

Музичката елита на едно место – Фолк Фест Спасовден

По трет пат се одржа фестивалот на препеани староградски песни во Охрид на кој зеде учество скоро цела фолк елита. Оваа година може слободно да се каже дека на овај фестивал учествуваа звучни имиња како: Анета и Молика, Татијана Лазаревска, Сузана Гавазова, Елена Јовческа, Новица Василевски, Маестрал, Фаворити, Даниела Темелковска која настапи во дует со нејзиниот син, Дејан Николевски Чуле во дует со Сузана Гавазова, Наум Петрески, Анета Наковска, Дарко Бимбиловски, Марјан Коцев, Кува и Акорди, Туше, специјален гостин од Бугарија една од најпопуларните бугарски пејачки Рајна, која исто од ИН телевизијата доби признание за најпопуларна бугарска пејачка, Оскар, Пелагониски мерак, Тања Јовановска, Сања Петковска, Јуле, Кичо Петрушевски, Гордана Додевска и многу други.

Фестивалот Спасовден е поразличен од другите фестивали, не само затоа што ги оживува вистинските македонски песни, туку и поради тоа што се одржува на отворено и е најмасовно посетен – оваа година имаше околу 4000 публика и е интересно што се одржува на самиот празник Спасовден, а посетителите доаѓаат од сите краеви на Македонија. Годинава фестивалот имаше мала поддршка од Општина Охрид за веќе од наредната  официјално да влезе во програмата на Градоначалникот Бакрачески.

Од организаторите на фестивалот велат дека се свесни за пропустите на фестивалот и следната година очекуваат многу повеќе помош од општината, чија подршка јано ја обелодени и новиот Градоначалник на Охрид и следната година најавуваат гости не само од Бугарија, туку и од другите соседни држави.



Врати се горе ↑