Настани 59c392f1-1230-4c55-9757-5422fe2601ff

23 јули, 2014

Музичката авантура, по Егзит продолжува на Д ФЕСТИВАЛ во Македонија‏

Д ФЕСТИВАЛ оваа година го претставува и проектот Western Balkan Adventure and Discovery Tour (WBAADT), интернационалната тура низ Балканот во чиј центар се наоѓа и најдобриот европски музички фестивал, Егзит кој е координатор на проектот! Оваа единствена балканска тура својата завршница и заокружување на музичката авантура ќе ја има токму во сабота (26 јули) на Дојранското Езеро во Македонија со уникатниот Д ФЕСТИВАЛ, настанот без кој повеќе не може да се замисли музичкото лето во Македонија!

Овој проект, кој го препозна и поддржа Европската Унија, ги поврзува истакнатите музички настани од пет балкански земји, Македонија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора, и е изграден околу една од најголемите атракции за туризам на младите во Европа – музичкиот фестивал ЕГЗИТ, кој е координатор на проектот.

Соработници во проектот се и ТАКСИРАТ од Македонија, Националната Туристичка организација на Црна Гора, МОНДО ДОО од Хрватска, СУПРА СКУПИНА од Словенија и холандскиот ОСТФЕСТ ЛИМИТЕД.

Авантуристичката тура почна со големиот музички настан во Словенија, ЕДМ Циркус, кој се одржа на 5 јули во Љубљана, а потоа и со одличниот провод во клубот Папаја на хрватската плажа Зрќе на Паг, кој важи за еден од најдобрите летни клубови на отворено во централна Европа. Од 10 до 13 јули забавата продолжи на официјално најдобриот европски фестивал, ЕГЗИТ, на Петроварадинската тврдина во Нови Сад во Србија! Одличниот провод потоа се пресели кон југот, на Си Денс фестивалот во Будва, Црна Гора, а финалето нè очекува во сабота на Д ФЕСТИВАЛ во Дојран.

Главната цел на овој проект е да се придонесе кон подоброто позиционирање на Западен Балкан на европскиот и светскот туристички пазар преку создавање на транснационалната тура како одржлив туристички производ заснован на младинскиот туризам како главна тема. Проектот е поддржан од страна на Европската Унија.

Дополнителна цел на овој проект е и зајакнување на туристичкото стопанство во земјите на поранешна Југославија, бидејќи Западен Балкан е единствениот европски регион кој е релативно неоткриен од страна на светските патници. Оваа транснационална тура поврзува пет земји од поранешна Југославија (Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Македонија) во уникатно единство, а ќе се користи како модел за воспоставување на слични редовни тури во текот на годината.

Повеќе информации на: еxitadventure.org

Денот Д за годинашното, четврто издание на уникатниот музички хепенинг Д ФЕСТИВАЛ е 26 јули (сабота), а на веќе традиционалната локација, паркинг Гранит во Дојран, нè очекува најпозитивната фестивалска сцена чија програма е веќе комплетирана со артисти од светската и домашната музичка сцена. Гаранција за незаборавното фестивалско доживување на Д ФЕСТИВАЛ оваа година се едни од најуспешните и најдолговечните британски хип хоп артисти, величенствените и греми-номинирани „СТЕРЕО ЕМ-СИ’с“ (STEREO MC’S). Покрај нив сцената на Д ФЕСТИВАЛ ќе претстави и дел од најдобрите музички имиња на македонската сцена, пост-панк бунтовниците и еден од најдобрите нови бендови во регионот „БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА“ (BERNAYS PROPAGANDA), рок хероите АРЕА, секогаш иновативните и еклектични „СТРИНГ ФОРСИС“ (STRING FORCES), хип-хоп колективотДИВИЗИЈА и најдобрите АНТЕНА 5 диџеи.

ОРГАНИЗИРАН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ЗА Д ФЕСТИВАЛ 2014

Оваа година за своите посетители Д ФЕСТИВАЛ има и организиран автобуски превоз, во соработка со Македонија Сообраќај. Сите оние кои овој летен јулски викенд ќе одлучат да го поминат во Дојран со незаборавното доживување кое го подготвува Д ФЕСТИВАЛ, ќе можат да го искористат организираниот автобуски превоз на релација СКОПЈЕ – ДОЈРАН – СКОПЈЕ ! Цената на превозот е 450 денари, а достапен е со резервации на телефонскиот број: 02 / 3 292 155.

Потсетуваме и дека влезниците за годинашното издание на Д ФЕСТИВАЛ се веќе пуштени во продажба по промотивна цена од само 250 денари. Влезниците во сабота, на влезот на Д Фестивал ќе се продаваат по цена од 300 денари. Сите кои сакаат да ја искористат промотивната цена влезниците можат да ги набават во продажната мрежа на МКтикетс:

– Продажните салони на ONE низ Македонија;
– Во Скопје: Југотон, МПМ Прес, Универзална Сала, Гоги Драчево;
– Низ Македонија: Алпине Спорт (Тетово), New Tobacco (Охрид), Џина (Дојран), Кафе Cream (Гевгелија), Sub Club (Струмица);
– онлајн на www.mktickets.mk 



Врати се горе ↑