3 јуни, 2017

Музичар од Перу отпеа песна за Македонија!

Музичарот Валентино Микле (ДеВаско) изминатото лето пет месеци крстосувал низ Балканот и Источна Европа, а меѓу многуте дестинации во неговиот распоред била и Македонија. Тој за време на престојот тука имал соработка и со нашиот пејач Марко Логаут.

„Ова е моето прво музичко видео по повод 4 години патување околу светот со мотоцикл, воедно и поздрав за сите номади што го живеат својот сон. Песната е напишана и снимена во Македонија, за време на петмесечна турнеја низ Балканот, а снимката опфаќа десетина нации“, пишува во описот за песната насловена „Alma Gitana“, во која на пијано гостува Методија Костоски, а како звучи и изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑