Македонија musti

18 октомври, 2015

Мусти Изеировски со настап на фестивалот „Роса“

Талентираниот велешанец Мусти Изеировски ќе настапи на претстојното, 16. по ред издание на фолк фестивалот „Роса“, закажано за 27 ноември годинава. Изеировски, кој зад себе ги има песните „Теби дачу све“ и „Штом нè нема нас“, овој пат ќе се претстави со поп балада, чиј комплетен автор е Далибор Ѓошиќ. Му посакуваме многу успех на фестивалот, а додека ги очекуваме следните новости од него, уживајте со неговото првенче „Теби дачу све“.

 



Врати се горе ↑