18 октомври, 2017

Мусти Изеировски ја запеа „Зајди зајди“

Со чаша вино, во опуштена атмосфера и свирејќи на клавир, Мусти Изеировски ја запеа легендарната „Зајди зајди“. Талентираниот велешанец со адреса на живеење во Швајцарија, кого регионалните медиуми го опишаа како „достојна замена за најпопуларниот Македонец досега, Тоше Проески“, веќе неколку години полека ја гради својата кариера и зад себе има неколку успешни синглови, како што се првенчето „Теби дачу све“, „Кад сама останеш“ и „Среќо моја“, а како звучи безвременската „Зајди зајди“ во негова изведба можете да слушнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑