Видео

10 јули, 2019

„Music Man“ е новиот сингл на Кирил Џајковски и Лајон Ди

Познатиот македонски музичар Кирил Џајковски го претстави својот нов сингл насловен „Music Man“, во кој повторно гостува вокалистот Дејвид Лајон или Лајон Ди, а во официјална дистрибуција ќе се појави на 12 јули, во издание на „Филтер лејбл“. Станува збор за уште еден потенцијален хит со реге и џангл-влијанија, што дополнително ја вжештува атмосферата на настапите во живо.

Музичарите заедно ќе настапат и на претстојниот „Д фестивал“ во Дојран, кој ќе се одржува викендов (12-14 јули), а Џајковски е најавен како главна ѕвезда за првата фестивалска вечер. Покрај Лајон Ди, како специјална гостинка ќе настапи и долгогодишната соработничка на Џајковски, Ти-Кеј Вондер.

Џајковски претходно беше актуелен и со минатогодишниот хит „Reminder“, а како звучи најновото од него, дознајте во продолжение. Уживајте!

Фотографија: Фејсбук



Врати се горе ↑