Видео musti-izeirovski

30 декември, 2013

Мусти Изеировски со одлична преработка на „Полско цвеќе“ од Тоше

Нашиот легендарен музичар Тоше Проески отсекогаш бил и ќе биде вечна инспирација за бројни млади таленти, не само во Македонија туку и на целиот Балкан, а неговите хитови ќе продолжат да живеат и самостојно, но и преку преработките кои веќе ги има во огромен број. Музиката на Тоше е инспирација и за 24-годишниот Мусти Изеировски, родум од велешкото село Мелница, но живее во околината на швајцарскиот град Цирих.

Љубовта кон музиката Изеировски ја негува уште од мали нозе, па неговите родители го запишале во музичкото училиште „Зоран Ванев“ во Цирих, на отсекот за клавир. Но, тоа не било многу пријатно искуство за него: „За жал, тоа не беше вистинското за мене, со турбо фолк и народно. Беше повеќе мачење отколку уживање. Жалам за времето на добрата музика, се борам како гладијатор против денешниот модерен звук на запад. Имам настапи во еден од најактуелните клубови во Швајцарија – „Diamonds“, но музиката која зрачи љубов и романтика за жал овде е демоде.“ – вели Изеировски, а како звучи неговата изведба на „Полско цвеќе“ можете да слушнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑