Настани 1907343_726193750770323_6016789297484165367_n

3 јуни, 2014

Мунфлај – фасцинантно сценарио на електронската музичка сцена

Кој е Мунфлај (Moonfly)? Од каде доаѓа? Дали е ова проект на некој познат светски диџеј? Прашањето поврзано за неговиот идентитет ја разигрува нашата имагинација.

Феноменот Мунфлај e фасцинантно сценарио на електронската музичка сцена. Не само во квалитетот и позитивноста во неговата музика; тој создава еден нов свет на забава и уметност. Овој вешт диџеј и продуцент ни прикажува два подеднакви делови на талент и мистичност. Тој ја пушта музиката што Вие сакате да ја чуете. Најдоброто од светската ЕДМ музика измиксано на негов посебен начин. Ја препознава вашата моментална енергија и прави конекција преку неговата. Го движи вашето тело и душа.

Бидете дел од неговата „Земја на среќата (Land of happiness)“, иновативна приказна каква што досега немате видено. Организаторите најавуваат целосна трасформација на просторот со специјално изработена дигитализирана сцена, танчерки во ЛЕД костими, соба за фотографирање, бесплатни флуоросцентни реквизити кои ќе се делат на сите присутни како и музика која го одзема здивот. Во специјално изработеното гнездо, освен Мунфлај, ќе ве забавуваат и диџеј ГОЦЕ САФ како и локални кумановски диџеи. Настанот ќе се одржи во Летната бавча на Кино Козјак во Куманово на 21 јуни со почеток од 21 часот. Картите може да ги набавите по промотивна цена од 150 денари преку продажната мрежа на МК Тикетс (сите салони на ONE и кафе бар АГОРА-Куманово). Не пропуштајте!



Врати се горе ↑