Аудио cover Tell your boss to shut the fuck up

1 ноември, 2013

Мунденс го претставија новиот сингл

Песната „Failed“ е првиот сингл од новиот албум „Tell Your Boss To Shut The Fuck Up!“ на српската група Мунденс, кој како ЦД ќе биде објавен на 11-ти ноември, а ќе биде достапен и за бесплатно симнување од интернет. За оваа четворка составена од Небојша Милутиновиќ Мита (вокал и гитара), Милош Скоковиќ Скока (бас гитара), Љубодраг Вукадиновиќ Д-р Љупче (клавијтури) и придружниот член Мирослав Остојиќ Мире (перкусии), оваа година има посебна важност бидејќи слават десет години од основањето на бендот и објавувањето на првиот албум „Измеѓу главе и срца“.

„Снимајќи го албумот, не размислувавме за ’хитови’, туку само за песни. Искрено мислам дека со својата искреност и енергија, ’Failed’ ќе ја направи таа иницијална пукотница во етерот. Песната зборува за оттуѓувањето и исчезнувањето на онаа фина емпатија кон луѓето и нивната несреќа. Иако на англиски јазик, верувам дека е лесно разбирлива и за оние кои немаат активно познавање на овој јазик.“ – вели фронтменот Небојша Милутиновиќ.

 

 

 



Врати се горе ↑