Балкан cover Tell your boss to shut the fuck up

11 ноември, 2013

Мунденс го подаруваат новиот албум по повод 10 години постоење

Навршуваат десет години од основањето на српската група Мунденс, а по тој повод лидерот Небојша Милутиновиќ со своите соборци го подарува новиот, втор по ред, студиски албум насловен „Tell Your Boss To Shut The Fuck Up“. Албумот е достапен за бесплатно преземање, а за колекционерите и во ЦД формат.

„Драги пријатели, пред Вас е албумот „Tell Your Boss..!“, кој ја претставува суштината на сето тоа што ние имаме да кажеме и како луѓе и како музичари. Исто така, ја користам оваа можност уште еднаш да им се заблагодарам на сите кои ни помогнаа на каков било начин. Доколку оваа плоча ни отвори некоја нова врата, нашето задоволство ќе биде потполно. На крај, ги повикувам сите луѓе да одвојат малку време и да го преслушаат албумот. Убеден сум дека нема да зажалат.“ – порача Небојша Милутиновиќ.

За разлика од првиот албум објавен пред точно десет години во издание на ПГП РТС, на кој сите песни се отпеани на мајчин јазик, „Tell Your Boss To Shut The Fuck Up“ содржи девет на англиски и една песна на српски јазик. На изданието е присутна жанровска шареноликост, а Милутиновиќ нагласи дека желбата не им била да „има сè и сешто, туку тоа е сублимација на влијанијата,  искуствата, умешноста за пеење и свирење и големиот број на свирки собрани во десет песни.“ 

Деновиве бендот започнува и концертна промоција ширум Србија, Неодамна имавте можност да го слушнете и првиот сингл „Failed“, во продолжение можете да го преслушате целиот албум, а бесплатно можете да го преземите на овој линк

 



Врати се горе ↑