Балкан Moondance 3

24 октомври, 2013

Мунденс го одбележуваат јубилејот со нов албум

Српскиот квартет Мунденс (Moondance) составен од истакнати инструменталисти и предводен од фронтменот Небојша Милутиновиќ, десетте години од основањето на составот и објавувањето на првиот албум ќе ги прослави со ново студиско издание. Квартетот е формиран во 2003 година, кога го објавија и првенчето „Измеѓу главе и срца“ под етикетата на издавачката куќа ПГП РТС. По објавувањето на ова издание, составот од Ужице континуирано настапувал ширум регионот свирејќи авторски и внимателно одбрани нумери од други изведувачи, а сега по повод јубилејот од 10 години одлучија да објават нов албум.

„Поминаа точно десет години од нашето дискогтрафско првенче. И понатаму тврдам дека тоа беше добра плоча, но… сето тоа е позади нас. Пред нас е новиот албум, насловен е „Tell your boss to shut the fuck up!“ и ќе биде објавен наскоро. Изданието симболично содржи десет песни во кои се преточени емоциите и искуствата на четворица луѓе кои го сакаат животот, пријателството, храброста, љубовта и пред сè музиката. Ако ни верувате, преслушајте го“ – изјавил Милутиновиќ, кој српската јавност го запозна во првиот серијал на култната емисија 3К ДУР во која стигна до супер финале.

За разлика од албумот „Измеѓу главе и срца“ на кој поголемиот дел од песните се на мајчин јазик, новото издание ќе содржи само една песна на српски, а останатите девет се на англиски јазик. Најавниот сингл „Failed“ ќе биде претставен наскоро, а потоа ќе биде достапен и целиот албум. Во продолжение слушнете како звучи овој состав во живо изведувајќи ја нашата добро позната „Си заљубив едно моме“.

 

 



Врати се горе ↑