Видео зс

22 март, 2016

Мултиталентираниот Зоран Стефаноски дебитира со „The Beginning“

Зоран Стефаноски (27) од Кичево е мултиталентиран музичар, кој дебитира на македонската музичка сцена со својот прв авторски проект, соодветно насловен „The Beginning“. Во неговото прво видео, кое го изработи Славе Викторијоски, младиот кичевчанец свири на тапани, бас гитара и на електрична гитара.

Стефаноски, кој љубовта кон музиката ја наследил од своите родители, веќе работи и на втор проект, а повеќе информации за неговите идни планови дознајте од разговорот со „Чаршија“. Неговиот одличен „Почеток“ ве очекува во продолжение. Уживајте!

Фотографија: Фејсбук



Врати се горе ↑