Аудио мф-во

17 март, 2016

„Мугер фугер“ го најавуваат новиот албум со „Вселенски отпад“

Со темата „Вселенски отпад“, во која гостува Горан Трајкоски, групата „Мугер фугер“ го најавува својот деветти по ред студиски албум насловен едноставно „9“.  Изданието ќе содржи 10 нумери, а неговата реализација е најавена за почетокот на мај. Покрај Трајкоски, во новиот сингл гостуваат и  Сеад Хаџиќ Сецко и Димитар Петров на мандочело и барабан, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑