Настани grande_minaj_jessie_j_single_cover

21 август, 2014

MTV VMA 2014 ќе започнат со „Bang Bang“!

Овогодишното доделување на Видео Музичките Награди на MTV ќе започне со заедничката изведба на Џеси Џеј, Ники Минаж и Аријана Гранде, кои ќе го отпеат својот неодамна објавен заеднички сингл „Bang Bang“. Веднаш по премиерниот настап на сцената во Инглвуд, Калифорнија, на платформите на MTV ширум светот ќе биде премиерно прикажан и видео записот за оваа песна.

 

„Кога во 2012 година бев VMA House Artist, стапалото ми беше скршено, па можев само да седам на страна и да сонувам за главната бина. И затоа кога велам дека овој настап ми е остварување на сонот, тоа искрено го мислам! Плус, ќе го споделам ова искуство со Аријана и Ники. Ова ќе биде совршена ноќ!“, вети популарната британска пејачка Џеси Џеј, која им се придружува на претходно најавените изведувачи за годинава, меѓу кои се најдоа и Бијонсе, Иги Азалија, Ашер, 5 Секндс оф Самр, Тејлор Свифт и британската сензација Сем Смит, додека Гвен Стефани и Ким Кардашијан им се придружуваат на екипата веќе најавени презентери во состав на Деми Ловато, Лорд, Тејлор Шилинг, Лаверн Кокс, Узо Адуба, Дилан О’Браен, Нина Добрев, Џејзон Деруло и Треј Сонгз.

Преносот во живо од MTV VMA 2014 ќе можете да го проследите ноќта помеѓу недела и понеделник (24 и 25 август), со почеток од 02.00 часот на регионалниот канал MTV.



Врати се горе ↑