За Вас 1532148_685926058119073_621050935_n

4 јануари, 2014

МТВ најавува одлични премиерни содржини за Бадник и Божиќ

Нови и премиерни филмови, музика, забавни програми и многу празнични содржини најавува Македонската телевизија за семејните празници Бадник и Божиќ. Празнувањето продолжува во домашна атмосфера со богата филмска програма. По новогодишната треска МТВ ќе продолжи со филмскиот маратон, прикажувајќи филмови за сите возрасти. Домашната филмска програма ќе биде заокружена во Божикната Ноќ во 20.15 часот со премиерното прикажување на филмот „Балканот не е Мртов“ во режија на Александар Поповски, а на барање на гледачите на Бадник, во 21.15 часот ќе биде реемитуван македонскиот игран филм „Трето Полувреме“ во режија на Дарко Митревски.

Филмот на Поповски нè враќа во времето на бурната македонска историја кога Европејците ја поздравуваат новата епоха која конечно ќе го обедини стариот континент, да стави крај на војните и донесе радост, напредок и благосостојба на човештвото. Во исто време, далеку на Балканот, големата Отоманската империја се распаѓа. Приказната водена од Никола Ристановски, ексклузивно на МТВ 1.

„Бадник и Божиќ се празници за семејството и затоа МТВ подготви содржини соодветни на симболиката на празниците како и за сите гледачи од различни возрасти. Деновите што следат ќе бидат одлична можност, за сите генерации да останат на Првиот канал на МТВ со нови програмски изненадувања, премиерни филмски остварувања од домашната и странската филмска продукција како и други забавни содржини“ – изјави Диме Ратајкоски, одговорен уредник на МТВ 1.

Премиерната празничната филмска програма ќе биде дополнета со прикажување на екранизираната библиската антологиска приказна за животот на „Марија од Назарет“ во продукција на РАИ, а синхронизирана на македонски јазик во три продолженија.

За сите оние кои немаа можност за новата година да ги проследат премиерните содржини, Бадник и Божиќ се можност за уште еднаш уживање во танцовите изведби од гламурозното шоу Танц со Ѕвездите, релаксирачка забава со Тони Михајловски во најновото издание на Опуштено, музичко уживање со традиционалниот новогодишен концерт на Македонската Филхармонија, а за најмладите подготвено е Божиќно пакетче, сето тоа премиерно на МТВ 1.



Врати се горе ↑