Свет One-Direction

14 декември, 2012

MTV ги прогласи Уан Дајрекшн за изведувач на годината

Музичката телевизија MTV соопшти дека петте момчиња кои се дел од бендот Уан Дајрекшн (One Direction) се очигледен избор за оваа титула, особено затоа што во текот на годинава имаа два албума на прво место на топ листите, како и хитовите како што е „What Makes You Beautiful“, а и целосно распродадена светска турнеја. Луи Томлинсон од групата изјавил дека ова признание е „шлаг на тортата“.

 За песна на годината е избрана „Call Me Maybe“ на Карли Ре Џепсен.

Други изведувачи кои се најдоа на оваа листа се Фло Рајда на дестто место, на деветтото се најде Псај, потоа Ники Минаж, Карли Ре Џепсен, Френк Оушн, 2 Чеинз на петтата позиција, четврта е Ријана, трети се Фан, а на второто место веднаш зад шампионите Уан Дајрекшн се најде Тејлор Свифт.

Групата Уан Дајрекшн била трета во британската верзија на X Factor во 2010 година, а во САД дебитираа во март годинава со албумот „Up All Night“, кој се најде на врвот на сите листи. Нивниот втор албум „Take Me Home“ беше трет најпродаван за оваа година.

 Извор: mtv.com



Врати се горе ↑