Свет article_big_1359293537EMA_2013_amsterdam

31 јануари, 2013

MTV EMA 2013 во Амстердам!

Најголемата глобална музичка забава, Европските музички награди на MTV годинава ќе се одржат на 10-ти ноември на многу интересно место. Станува збор за сосема нова хала Ziggo Dome, која беше отворена во 2012 година во холандската престолнина Амстердам. Овој град има „историска“ улога бидејќи токму тука, во амстердамскиот клуб Roxy беше прославено лансирањето на MTV Europe  на 1-ви август 1987 година, кога во живо настапи Елтон Џон. А за овогодинешното доделување на Европските музички награди, извршниот потпретседател на компанијата Viacom International Media NetworksБрус Гилмер вели:

„Многу сме возбудени за партнерствово со Амстердам, градот кој е на врвот на глобалната музичка мапа и место кое секогаш било избор на бројни уметници. Секоја година, MTV EMA ги слави најголемите имиња од светот на музиката од сите краеви на светот и прикажува неверојатни настапи на најактуелните изведувачи. Сигурни сме дека Амстердам и халата Ziggo Dome, со својата најмодерна технологија и футуристички можности ќе биде совршено место за незаборавни и спектакуларни доделувања на Европските музички награди на МTV за 2013 година.“

Заменичката на градоначалникот на Амстердам, Каролин Жехрелс додава: „Почестени сме што токму Амстердам е избран да биде град домаќин на овогодинешните MTV EMA: Ова се одлични вести за нашиот град од многу причини: тоа ќе биде еден возбудлив настан за младите луѓе и љубителите на музиката ширум Амстердам, ќе отвори нови работни можности во време на економска криза и дополнително ќе помогне за зацврстувањето на меѓународната репутација на Амстердам. Исклучителен настан кој доаѓа во вистинскиот момент.“

Леон Рамакерс, коосновач на компанијата Ziggo Dome, открива: „Од самото основање имавме визија да ги доведеме MTV EMA во Ziggo Dome. Многу сме среќни што MTV го дели нашиот ентузијазам и не можеме да го дочекаме 10-ти ноември!“

Се разбира, повеќе детали околу програмата, гостите, водителите, настапите и сè останато ќе се дознаваат во текот на годината.

Извор и фото: MTV.rs



Врати се горе ↑