Настани article_big_1379337446EMA_2013_generic_01

10 ноември, 2013

MTV EMA 2013: Спектаклот започнува вечерва во 20 часот

Вечерва со почеток од 20 часот започнува  јубилејното 20-то доделување на Европските Музички Награди на MTV, кои ќе се одржат во арената Ziggo Dome во холандската престолнина Амстердам. Воведот, осносно случувањата на црвениот тепих ќе започнат во 20 часот, а манифестацијата со почеток од 21 часот ќе можете да ја следите само на каналот MTV. 

Сè е подготвено за вечерашната свеченост, која ќе биде збогатена со настапите на ѕвезди како што се Бруно Марс, Кингс оф Лион, Ајкона Поп, Мајли Сајрус, Кејти Пери, Робин Тик, Снуп Дог, Афроџек, Имеџин Дрегонс, Д Килерс, како и познатите кои во улога на презентери ќе ги доделуваат наградите, меѓу кои се Иги Азалиа, Ели Гоулдинг, Карис Ван Хутен, Колтон Хејнс, Џаред Лето, Рита Ора и Бриџит Мендлер, како и Редфу, кој ќе биде МС на вечерта, од позади сцената ќе нè известува Ариана Гранде, а договорено е и појавувањето на Рон Бургунди од филмот „Anchorman 2“, кој го игра актерот Вил Ферел.

Џастин Тимберлејк и Меклмор и Рајан Луис со по пет номинациии се на врвот на списокот на номинирани артисти за годинава, додека Лејди Гага, Џастин Бибер, Мајли Сајрус и Робин Тик се натпреваруваат за по четири награди. Тејлор Свифт, Бруно Марс, Грин Деј, 30 Секндс ту Марс, Дафт Панк, Рудиментал, Ајкона Поп и Уан Дајрекшн имаат по три номинации, а изведувачите номинирани во две категории се Ријана, Кејти Пери, Еминем, Џеј Зи, Бастил, Имеџин Дрегонс, Д Килерс, Парамор, Рита Ора, Дрејк, Афроџек, Авичи, Келвин Харис и Иги Азалиа.

Во продолжение погледнете го комплетниот список на номинации, а победниците ќе ги дознаеме вечерва.

 

Најдобра песна

  • Bruno Mars – “Locked Out Of Heaven”
  • Daft Punk – “Get Lucky (ft. Pharrell Williams)”
  • Macklemore & Ryan Lewis – “Thrift Shop (feat. Wanz)”
  • Rihanna – “Diamonds”
  • Robin Thicke – “Blurred Lines (feat. T.I. & Pharrell)”

Најдобар поп изведувач

  • Justin Bieber
  • Katy Perry
  • Miley Cyrus
  • One Direction
  • Taylor Swift

Најдобар женски изведувач

  • Katy Perry
  • Lady Gaga
  • Miley Cyrus
  • Selena Gomez
  • Taylor Swift

Најдобар машки изведувач

  • Bruno Mars
  • Eminem
  • Jay Z
  • Justin Bieber
  • Justin Timberlake

Најдобар изведувач во живо

  • Beyoncé
  • Green Day
  • Justin Timberlake
  • P!nk
  • Taylor Swift

Најдобар нов изведувач

  • Bastille
  • Icona Pop
  • Imagine Dragons
  • Macklemore & Ryan Lewis
  • Rudimental

Најдобар видео запис

  • Justin Timberlake – “Mirrors”
  • Lady Gaga – “Applause”
  • Miley Cyrus – “Wrecking Ball”
  • Robin Thicke – “Blurred Lines (feat. T.I. & Pharrell)”
  • Thirty Seconds To Mars – “Up In The Air”

Најдобар рок изведувач

  • Black Sabbath
  • Green Day
  • Kings Of Leon
  • Queens Of The Stone Age
  • The Killers

Најдобар алтернативен изведувач

  • Arctic Monkeys
  • Fall Out Boy
  • Franz Ferdinand
  • Paramore
  • Thirty Seconds To Mars

Најдобар хип-хоп изведувач

  • Drake
  • Eminem
  • Jay Z
  • Kanye West
  • Macklemore & Ryan Lewis

Најдобар електронски изведувач

  • Afrojack
  • Avicii
  • Calvin Harris
  • Daft Punk
  • Skrillex

Најстрастни фанови

  • Tokio Hotel
  • Thirty Seconds To Mars
  • One Direction
  • Justin Bieber
  • Lady Gaga

Најдобар изглед 

  • Harry Styles
  • Justin Timberlake
  • Lady Gaga
  • Rihanna
  • Rita Ora

Најдобар PUSH изведувач

  • Karmin (October 2012)
  • Rudimental (November 2012)
  • Imagine Dragons (January 2013)
  • A$AP Rocky (February 2013)
  • Bastille (March 2013)
  • Austin Mahone (April 2013)
  • Bridgit Mendler (May 2013)
  • Tom Odell (June 2013)
  • Iggy Azalea (July 2013)
  • Icona Pop (August 2013)
  • twenty one pilots (September 2013)

Најдобар WORLD STAGE настап

  • Alicia Keys – WS Manchester 2012
  • fun. – WS Rock Am Ring 2013
  • Garbage – WS Mexico 2012
  • Green Day – WS Rock Am Ring 2013
  • Jason Mraz – WS Live In Myanmar 2012
  • Jessie J – WS Malta 2013
  • Linkin Park – WS Mexico 2012
  • Macklemore & Ryan Lewis – WS Wireless 2013
  • No Doubt – WS Frankfurt 2012
  • Paramore – WS Rock Am Ring 2013
  • Rita Ora – WS Malta 2013
  • Robin Thicke – WS Malaysia 2013
  • Snoop Lion – WS Durban 2013
  • The Black Keys – WS NY Webster City Hall 2012
  • The Killers – WS Big Day Out 2013

MTV BEST ADRIA ACT

  • Frenkie
  • Filip Dizdar
  • Katja Šulc
  • S.A.R.S.
  • Svi na pod!

Од првите доделувања во 1994 година, MTV EMA стекнаа репутација на еднa од најголемите светски свечености на доделувања на награди. Претходните градови домаќини на MTV EMA церемониите беа Франкфурт (2012), Белфаст (2011), Мадрид (2010),  Берлин (2009), Ливерпул (2008), Минхен (2007), Копенхаген (2006), Лисабон (2005), Рим (2004), Единбург (2003), Барселона (2002), Франкфурт (2001), Стокхолм (2000), Даблин (1999), Милано (1998), Ротердам (1997), Лондон (1996), Париз (1995) и Берлин (1994).

Следната година Европските Музички Награди ќе се доделат во шкотскиот град Глазгов, а манифестацијата ќе се одржи во футуристичката арена SS Hydro, која ќе биде отворена до крајот на годинава.

 

Извор и фото: mtv.rs



Врати се горе ↑