За Вас

8 август, 2018

МРТ распиша повик за аудиција за детската „Евровизија 2018“

МРТ распиша повик за аудиција за избор на вокален интерпретатор што ќе ја претставува Македонија на Изборот за песна на Јуниорскиот Евросонг 2018, кој годинава ќе се одржи во главниот град на Белорусија, Минск. Аудицијата е закажана за 18 август (сабота), со почеток во 10.00 часот во студијата на МРТ, а пријавувањето на кандидатите е отворено до 16 август.

Децата учесници на аудицијата траба да бидат на возраст меѓу 10 и 15 години на денот на финалната манифестација, што ќе биде одржана на 25 ноември 2018 година. Тие треба да исполнат две композиции по сопствен избор, а дозволен е и караоке начин на пеење при што учесниците треба да донесат со себе технички исправен носач на звук (аудио-цеде). Сите правила и услови прочитајте ги овде.

Image result for junior eurovision

На ова 16. издание на детската „Евровизија“ ќе учествуваат вкупно 20 земји, а за првпат во натпреварот се вклучуваат Велс и Казакстан, додека по пауза од една година и охрабрен од актуелната победа на стандардната верзија на фестивалот, Израел повторно се враќа на оваа сцена, надевајќи се да го повтори успехот на Нета. Од регионот, заедно со нас ќе се натпреваруваат и претставниците на Србија и Албанија.

Годинава Македонија ќе учествува на овој натпревар по 14. пат, а после минатогодишното освоено 12. место на Мина Блажев и нејзината „Dancing Through Life“, нашиот најдобар пласман и понатаму останува 5. место, кое го освоија Росица и Димитар во 2007 и Боби Андонов во 2008 година. Најлош пласман, односно на последно место сме се пласирале во 2006, 2013 и 2015 година.



Врати се горе ↑