Македонија

26 јануари, 2018

МРТ распиша конкурс за евровизиска песна

„Македонската Радио Телевизија упатува јавен повик за избор на композиција којашто ќе ја претставува Р. Македонија на претстојниот Избор за Песна на Евровизија 2018 во Лисабон, Португалија. Се покануваат авторите и музичките продуценти од Р. Македонија и пошироко, да ги достават своите музички предлози (во демо или финализирана верзија) и со својот креативен труд да учествуваат на јавниот повик, со цел да се избере најдобрата песна претставничка за Лисабон 2018“, пишува во соопштението објавено на официјалната веб-страна на МРТ.

Предлог композициите се доставуваат на следната e-mail адреса: eurosong.macedonia@gmail.com или на адреса: Македонска Радио Телевизија, бул.Гоце Делчев бр. 18, 1000 Скопје, Р.Македонија, со назнака ЗА ЕВРОСОНГ 2018.

Согласно Правилата на ЕБУ, предлог композициите задолжително се во траење до најмногу 3 минути и во никој случај не смеат да бидат претходно објавени или јавно изведени.

Македонската Радио Телевизија како носител на лиценцата за Избор на Песна на Евровизија, донесе одлука за формирање на релевантно професионално жири, коешто ќе има за цел избор на композиција, а врз основа на избраната композиција, ќе предложи и изведувач или група изведувачи, коишто истата ќе може најдобро да ја исполнат на евровизиската сцена.

Членовите на авторскиот тим на одбраната композиција, ќе бидат лично контактирани од страна на Македонската Радио Телевизија, за понатамошно исполнување на процедурата за соработка и договор. Македонската Радио Телевизија својата финална одлука ќе ја објави по резултатите од работата на жири комисијата.

Јавниот повик е отворен до 8 февруари 2018 година.



Врати се горе ↑