Македонија makfest2013

14 октомври, 2013

МРТ информира зошто Макфест не беше пренесуван во живо

Иако беше најавен директен пренос од финалето на 28-мото издание на Макфест, кое се случи во саботата вечерта, поради технички причини МРТ не беше во можност да го направи тоа, а соопштението во врска со преносот пишува:

„Македонската радио телевизија, по анализата на случувањата околу не емитувањето на финалната вечер на фестивалот Макфест, одлучи да поведе постапка за прекинување на работниот однос на четворица вработени во јавниот сервис, како и за суспензија и парични казни за повеќе вработени, директни учесници во продукцијата на фестивалот.

Македонската радио телевизија уште еднаш се извинува на јавноста поради скратената можност фестивалот „Макфест” да биде проследен во живо.“ 



Врати се горе ↑