Свет rolling_stones_pr_2012_l

27 октомври, 2012

Можна турнеја на Ролинг Стоунс?

За прв пат после пет години, легендарниот бенд одржа мал концерт во малиот клуб „Le Trabendo“ во Париз. Овој и уште неколку можни мали концерти ќе бидат изведени како дел од „загревањето“ за најавените големи концерти во ноември и декември кои ќе се одржат во Лондон, а повод за тоа е славењето 50 години постоење на бендот. Исто така годишнината ќе ја обележат и со издавање на тројно ЦД од нивните најголеми хитови, чиј наслов ќе биде „ГРРР!“ и ќе биде пуштен во продажба на 13ти ноември. Албумот ќе има две изданија, односно регуларно со 50 песни и луксузен бокс сет со 80 песни.

На првиот настап, Стоунси им претставија на публиката дванаесет песни кои го опфаќаат целокупниот опус од полувекновната кариера на бендот. Заради големиот интерес за настапите и концертите на бендот, гитаристот Кит Ричардс изјави дека ќе размисли и за нови датуми, односно можна турнеја која би се случила следната година.

Синглот кој ги најави двата концерта во Лондон, беше промовиран неодамна. Оваа песна е првата која бендот ја сними после седум години. Во продолжение преслушајте ја „Doom and Gloom“.

 

 



Врати се горе ↑