11 мај, 2015

Може ли оваа песна да ја замени „Uptown Funk“?

Познатиот британски продуцент Марк Ронсон го објави видео записот за новата песна „Feel Right“, за која соработуваше со Мистикал и која започна да ги освојува топ листите додека на врвот сè уште се наоѓа мега-хитот „Uptown Funk“ со Бруно Марс. Оваа соработка, за која музичарот рече дека е „производ на случајна средба во студио“, е инспирирана токму од Кралот на фанкот, Џејмс Браун, и се заканува да биде следниот бр. 1 хит на Ронсон. Интересно е тоа што видео записот е во режија Бруно Марс и Камерон Дади, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑