Видео bs-ia

19 мај, 2015

Може ли дуетот на Бритни и Иги Азалија да ги освои топ листите?

Дуетот на Бритни Спирс и Иги Азалија, темата „Pretty Girls“ полека, но сигурно се искачува кон врвот на топ листите, а пејачките ја продолжуваат традицијата на успешни женски дуети. Синглот во моментов се наоѓа на 29. место на Билбордовата листа на најслушани/напродавани песни, а во првата недела од објавувањето забележа продажба од 96.000 дигитални примероци.

Како што тврди Томи Чак, програмскиот директор на агенцијата којашто се занимава со анализа на топ листите, допрва се очекуваат најдобрите резултати од оваа песна: „Мислиме дека тоа ќе биде солидно успешен летен хит“, вели тој. За позицијата на топ листите ќе придонесе и неодамна објавениот видео запис, како и настапот на доделувањето на Билбордовите награди, кое се одржа во неделата.

 

Женските дуети често ги освојувале топ листите, а меѓу нив своевремено се најдоа „The Boy Is Mine“ од Бренди и Моника, „When You Believe“ од Витни Хјустон и Мараја Кеи, „Beautiful Liar“ од Бијонсе и Шакира, „Lady Marmelade“ од Кристина Агилера, Лил Ким, Маја и Пинк, како и „Bang Bang“ од Џеси Џеј, Аријана Гранде и Ники Минаж.

 



Врати се горе ↑