Аудио

16 декември, 2017

„Можам, но не сакам“ е новиот сингл на „Ај кју“

„Ај кју“ продолжуваат да работат со полна пареа, па после одличните „Колку добро те знам“ и Мојот крал, која на годинашниот „МАРС 2017“ беше прогласена за радиски хит од група и која неодамна доби англиска верзија, деновиве ја претставија и темата „Можам, но не сакам“.

Станува збор за уште едно авторско дело на Бојан Трајковски, кој се потпишува на музиката и текстот, а за аранжманот му помогна Дарко Димитров. Сето тоа се реализираше во студијата „Мјузик хаус“ и „Димитрови“, а како звучи можете да слушнете во продолжение.

Песната е четврт сингл од претстојниот, трет по ред студиски албум на групата, кој ќе го носи насловот „Сепак ми е забавно“, а ќе го наследи „Само сакав“ од 2015 година. Изданието ќе излезе на 14 февруари 2018 година за етикетата „Краун рекордс“ (Crownn Records), со која „Ај кју“ потпиша договор за Европа и Северна Америка, а ќе го дистрибуира „Пивател дистрибјушн“ (Pivatell Distribution).

Освен новиот албум, чиј англиски наслов гласи „We Are Having Fun“, договорот вклучува и дистрибуција на претходните изданија во сите поголеми музички продавници, а после промоцијата групата за првпат ќе замине и на европска турнеја.

12_VINYL_LP SLEEVE

И.Ј. / Насловна фотографија: eyecueofficial.com / Обвивка на албумот: pivatell-distribution



Врати се горе ↑