Настани 8ca356f8-c248-4797-a44b-de436670c75a

15 декември, 2014

„Моторхед“ доаѓаат на јубилејниот 15. роденден на „Егзит“

Петнаесеттиот роденден на најдобриот европски фестивал ќе го прославиме во голем стил: „ЕГЗИТ“ ќе се одржи од 9 до 12 јули на Петроварадинска тврдина во Нови Сад, додека вториот по ред „СИ ДЕНС“ фестивал ќе се одржи од 16 до 18 јули на плажата Јаз во Црна Гора.

„РОК@ЕГЗИТ“ (ROCK@EXIT) фестивалот, кој со голем успех беше лансиран месец дена пред „ЕГЗИТ“ 2014, следната година ќе биде посебна целина во рамките на фестивалот „ЕГЗИТ“. Па така, во чест на рокенролот, а на барање на армијата љубители на тврдиот звук, ги претставуваме првите изведувачи за 15. роденден на „ЕГЗИТ“: британските хеви метал легенди „МОТОРХЕД“ (MOTÖRHEAD)на кои „ЕГЗИТ“ им е една од станиците на славеничката турнеја по повод 40 години постоење, калифорниските рок шмекери „Иглс оф дет метал“ (EAGLES OF DEATH METAL)додека боите на домашната сцена ќе ги бранат „Шкртице“ (ŠKRTICE), „Ајсбрн“ (EYESBURN) и „Гоблини“ (GOBLINI)!

Еден од најзначајните хард рок и хеви метал бендови на сите времиња,„МОТОРХЕД“, конечно стигнуваат на „ЕГЗИТ“ за на Петроварадинската тврдина, во рамките на јубилејната турнеја по повод 40 години постоење, во жесток ритам ги отсвират славните хитови Ace of Spades“, „Rock Out, „Killed By Death, „Overkill, како и многу други! Легендарниот бенд е основан во дамнешната 1975 година од страна на басистот, фронтмен и автор на песните, Леми Килмистер (Lemmy Kilmister), една од највлијателните личности во историјата на хеви метал и рок сцената. Бендот, чија нумера „Heartbreaker“ од последниот албум „Aftershock“ неодамна беше номинирана за „Греми“ наградите, познат е по тоа што за време на сиве овие години упорно ја отфрла жанровската класификација на својата музика, а фронтменот Леми традиционално ги отпочнува нивните концерти со култната реченица: „Ние сме ’Моторхед’Ние свириме рокенрол!“

Легендарниот британски бенд има огромна база обожуватели на просторите на поранешна Југославија, уште од шеесетите години кога фронтменот Килмистер, како еден од првите рокери кои свиреле овде, се сретна и со Јосип Броз Тито. И покрај долгата кариера, „Моторхед“ е многу продуктивен бенд: во јануари започнуваат со работа на својот 22. студиски албум со кој ќе ги прослават 40 години постоење на бендот, а некои од песните од овој албум ќе имаме можност да ги чуеме и на Петроварадинска тврдина!

 

Еден од најзабавните рокенрол бендови, калифорнискиот „Иглс од детх метал“(EAGLES OF DEATH METAL), прв пат во Србија ќе настапи во добриот дух на прославата на 15 години од „ЕГЗИТ“ фестивал! Бендот кој уште од 1998 година успешно си поигрува со естетиката на валканиот рок и со своите духовити текстови, спотови и настапи ги деконструира стереотипите кои ги носи тврдиот гитарски звук, го оформија немирните момци на рокенролот, харизматичниот Џеси Хјус (Jesse Hughes) и мултиталентираниот Џош Хом (Josh Homme), фронтмен на групата „Квинс оф д стоун ејџ“ (Queens of the Stone Age), чија умешост фановите на „ЕГЗИТ“ ја запознаа во јуни оваа година на Петроварадинската тврдина. Албумите „Peace, Love, Death Metal“ (2004), „Death by Sexy“ (2006) и „Heart On“ (2008) го лансираа бендот во самиот врв на светската гитарска сцена, додека хитовите како  I Want You So Hard (Boy’s Bad News), „I Got a Feelin (Just Nineteen)Wannabe in L.A, „Miss Alissa, „Cherry Cola, „Only Want You ветуваат разорна енергија на Петроварадинската тврдина!

„Иглс оф детх метал“ за 2015 година го најавија објавувањето на новиот, долгоочекуван албум. Фронтменот Џеси Хјус ова го прокоментира во својствен стил: „Повторно украдовме куп песни од најголемите рок бендови на светот. Тоа значи дека ова ќе биде најголемиот рок албум кој е досега направен!“.

 

На рокенрол великаните ќе им се придружат и претставницие на домашната сцена. Пред публиката од целиот свет ќе настапи новата супергрупа „Шкртице“ (ŠKRTICE), која покрај култниот фронтмен, Цане од „Партибрејкерс“, ги опфаќа и членовите од неколку познати српски бендови. Покрај Коле од „Велики презир“, тука се Борис од „Јарболи“ и Данило и Бошко од „Стрејт Мики енд д бојз“ (Straight Mickey and the Boyz).

Еден од највлијателните хардкор/реге состави во регионот, „Ајсбрн“ (EYESBURN), за време на неверојатните дваесет години на сцената создаде препознатлив звук, комбинирајќи ги жестоките гитарски рифови и реге ритмовите кои ги издвојуваат од другите бендови. На „ЕГЗИТ“ уште еднаш ќе покажат зошто беа и останаа симбол на цело едно социјално, но и музичко движење во Србија и на Балканот.

Мелодичниот панк рок состав, „ГОБЛИНИ, уште во деведесеттите години стекнаа огромна популарност во Србија и нивниот албум „U magnovenju“ се смета за еден од највлијателните изданија на српската сцена. Последниот студиски албум, „Roba s greškom“, ја зацврсти позицијата на групата на регионалната панк сцена, а публиката на нивните енергични настапи напросто не може да одолее!

 

Како и претходните години, „ЕГЗИТ“ за декемвриските купувачи на влезниците подготви фантастични попусти! Веќе се пуштени во продажба влезниците по цена од 3199 денари за четирите дена на „ЕГЗИТ“ фестивал на Петроварадинска тврдина. Но тоа не е сè! Оние кои ќе купат комплет влезници во рамки на оваа акција ќе бидат наградени со влезница за ЕГЗИТ АВАНТУРАТА, односно добиваат бесплатна влезница за „СИ ДЕНС“ фестивалсо услов за регистрација за „Си Денс“, која ќе се спроведува преку сајтот www.gigstix.com од 1 до 31 март 2015. Тоа е дури 70%попуст во однос на регуларната цена за „ЕГЗИТ“ авантурата!

Истотака, во продажба се достапни и строго ограничен број влезници за три дена на „Си Денс“ фестивал по цена од 1899 денари, што е дури 50% попуст од регуларната цена!

Продажбата на влезниците во Македонија се спроведува преку продажната мрежа на МКтикетс и официјалното продажно место „Југотон“ (Скопје, ГТЦ, 1 кат). Бројот на промотивните влезници е строго ограничен.



Врати се горе ↑