Концерт MORRISSEY_poster

13 ноември, 2014

Мориси ја продолжи европската турнеја со концерт во Белград

„Авалон продукција“ со огромно задоволство најавува дека успеа да го убеди великанот на британската музика, Мориси (Morrissey) да ја продолжи веќе затворената турнеја и после концертот во Истанбул на 7 декември, да го додаде и Белград на 10 декември. Еден од најголемите инди артисти на сите времиња, човекот кој според „Њу мјузикал експрес“ важи за уметник кој направил најрепрезентативна и најдостоинствена соло кариера после распад на еден бенд (во случајот – феноменалните „Смитс“), на 10 декември ќе одржи концерт во „Хала спортова“ во Белград.

Концертот на Мориси во српската престолнина е во оф програмата на проектот на Авалон, „Белград колинг“, (кој оваа година ги имаше големите „Ајрон мејден“ и Били Ајдол) за успешно затворање на годината во Белград. За тоа колкава е големината, значењето и  квалитетот на Мориси, нема потреба многу да се говори и пишува, но секако е интересен фактот што неговиот нов албум „World Peace Is None Of Your Business“ (според кој е наречена и турнејата) се најде на 2-ро место на британската топ листа и на 14 – то место на американската топ листа.

Водејќи се од личната желба на Мориси, Авалон овој концерт не го работи во арена, туку во мала интимна спортска сала со многу ограничен број на влезници. Македонските фанови на Мориси и „Смитс“ не треба да бидат загрижени од релативно малиот капацитет на овој концерт бидејќи за нив ќе биде оставен доволен број на влезници. Билетите во Македонија ќе бидат пуштени во продажба од петок (14 ноември) преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, како и онлајн на www.kupikartizase.com, по цена од:
ПАРТЕР – 1300,оо денари

ТРИБИНА – 1600,оо денари

ФАН ПИТ – 1900,оо денари

GOLDEN SEATS – 2000,оо денари

За Србија и преостанатите земји од поширокиот регион билетите ќе можат да се набават преку глобалната мрежа на „Евентим“. Важно: Постојат многу причини за букирање на концерт, постојат многу причини за правење на концерт, а постојат и многу причини за одење на концерт. Да се донесе Мориси, да се оди и да се гледа, има само една причина, а тоа е голем ќеф!



Врати се горе ↑