Македонија

13 декември, 2018

Морган Фриман продуцира документарец за велешките тинејџери што ширеа лажни вести

„Продавање лаги“ (Selling Lies) е краток документарец за мрежата на тинејџери во Македонија чии лажни политички вести имаа историско влијание врз американските претседателски избори во 2016 година. Филмот е во производство на компанијата „Ревелејшнс ентертејнмент“ (Revelations Entertainment) на славниот холивудски актер Морган Фриман.

Режисерка на филмот е Лесли Ајверкс (Leslie Iwerks), која во 2006 година била номинирана за Оскар за краток документарен филм „Рециклиран живот“.

„Во 2016 година стотици македонски тинејџери открија начин како да шират лажни политички вести на Фејсбук. Овој редок поглед во социјалната мрежа ја открива вистината зад овие лаги и го прикажува драматичното влијание врз Америка и претседателските избори во САД“, велат од продукцијата.

Selling Lies Documentary Short

‘Selling Lies’ is a documentary short about the network of teenagers in Macedonia whose fake political news stories made a historical impact on the 2016 presidential election. Produced by my companyRevelations Entertainment, in partnership with Academy Award-nominated director Leslie Iwerks. You can find out more about the film at Selling Lies Documentary or https://www.sellingliesdoc.com/.

Gepostet von Morgan Freeman am Mittwoch, 5. Dezember 2018

Извор: Факултети



Врати се горе ↑