Концерт 223916_413497975374715_1625132477_n

6 ноември, 2012

Морена и Том Боксер повторно во Македонија

Скопје e одбраниот град за светската промоција на најновиот хит на Том Боксер и Морена! 

Поради екстремно уникатната енергија, која Морена и Том ја пренесоа на македонската публика летово, организаторот Сан продакшн најавува втор голем хепенинг со ултра сексипилната Морена и нејзиниот ангел чувар Том Боксер за оваа 2012 – та година.

Најголемите хит мејкери на денешницата кои ни доаѓаат од Букурешт, Романија, добро познати на македонската публика по безвременските хитови Morena, Deep In love, Dancing, Shake it Mamma и многу други повторно пред македонските фанови.

Веднаш по нивното појавување направија револуција во денс музиката и ја издигнаа на повисоко, покомерцијално – светско ниво. Нивниот уникатен стил, збогатен со ориентален мелос направи оваа двојка да ја ужива својата слава насекаде низ светот. Сексапилната Морена покрај тоа што убаво пее и магично се однесува на сцена, исто така важи и за една од најубавите девојки на светската музичка сцена.

Романската популарна двојка на 24- ти ноември ќе го има својот втор настап пред, според нив, највеселата публика досега – македонците. На скопскиот саем во петтата хала ќе се случува светската промоција на нивниот најнов хит Party night and day која овие денови се снимаше во студиото на Дино Псарас, во Лондон.

Имено оваа позната романска хит двојка првичниот контакт со Псарас го оставри на настанот кој пред 4 месеци ја соедини македонската публика и ја натера да игра и пее во ист ритам. Преку 10 000 млади луѓе беа дел од неповторлиовиот настан Love and Hapinnes vol 2 кој ова лето направи плажата Градиште да го сруши рекордот во екстремно добра забава. На самиот настан, на кој покрај романската хит двојка, настапи и светски познатиот Дино Псарас,  Морена и Том ја договорија соработката со Псарас, така што токму нивната средба и запознавање во Македонија е истовремено и причина за промоција на најновиот хит, повторно во Македонија, пред најразиграна публика.

За овој настан организаторот обезбеди влезници во претпродажба, по специјална цена од 300 денари за првите 2000 карти, а истите може да се најдат во Тоbaco и Together дистрибутивната мрежа, Југотон и МК тикетс. Претпродажбата започнува од утре – среда 7-ми Ноември!

Побрзајте!  Влезниците се во ограничен број!!!



Врати се горе ↑