Балкан Screenshot_17

19 ноември, 2012

Морена и Том Боксер домаќини на македонскиот организаторски тим во Букурешт

На покана на Морена, организаторите на нејзиниот концерт во Македонија, изминатава недела ја посетија романската метропола Букурешт, градот од кој ни доаѓаат ултра популарните хит мејкери.  Поради големиот интерес на македонската публика за мега концертот на Морена и Том Боксер кој ќе се случува на 24-ти Ноември на Скопскиот Саем во Скопје, посетата се случи за да се дефинираат сите детали, но спонтано се роди и идеја за интересно изненадување на најсреќните скопјани кои ќе сакаат да се дружат со Морена.

Посетата беше добро испланирана и се случи во вистинско време бидејќи во тие два дена Морена работеше на фотосесија за најпознатиот романски моден магазини InStyle, а екипата од Македонија имаше несекојдневна можност да ја почувствува работната атмосфера на вистинските европски професионалци. Фото сесијата беше максимално провокативна но за деталите ќе го почекаме божиќното издание на магазинот.

Потоа, ѕвездите беа домаќини на прошетката низ метрополата каде поопширно разговараа за соработката со организаторот Дарко Крстески, нивните најпозитивни впечатоци од Македонија но и за приказната која ги поврза со нашата земја, каде што започна се во врска со новиот хит…

На заминување на екипата, дуото искрено призна дека Македонија мора да биде местото каде ќе се промовира новиот хит кој за првпат ќе биде испеан во живо. Дуото исто така за првпат ги отвори вратите на нивното студио каде се приготвуваат сите хитови кои ја тресат Европа…

До вчера влезниците можеа да се најдат по специјална цена од 300 денари за првите 2000 карти, но поради брзата продажба на истите, од денес  цената на билетите изнесува 350 денари, а истите може да се најдат во Тоbaco и Together дистрибутивната мрежа, Југотон и МК тикетс.



Врати се горе ↑