Аудио morandi

2 февруари, 2013

Моранди се враќаат со нов сингл

По отсуство од две години, романската група Моранди се враќа со нов сингл насловен „Everytime We Touch“. Групата беше доста зафатена осум години, издавајќи успешни хитови како на домашниот, така и на интернационалниот пазар. Добро се сеќаваме на „Angels“, „Save Me“, „Love Me“ и многу други.

Уште од самото формирање, Моранди  беа сензација во романската музика, а нивниот деби албум насловен „Reverse“ од 2005 година беше продаден во преку 2 милиони примероци, по што следуваа уште два успешни албума – „Mind Fields“ и „N3XT“, како и бројни синглови кои секогаш го привлекуваа вниманието на публиката.

Новиот сингл „Everytime We Touch“ зборува за љубовта, која е прикажана како ослободување од самотното и безначајно постоње, опишувајќи љубовна приказна во која за прв пат се среќаваат два љубовници, првиот поглед, првиот допир…

Според податоците на Википедија, нивниот претстоен четврти по ред студиски албум ќе биде насловен „Zebra“, но за жал нема повеќе информации околу нумерите кои ќе се најдат на истиот, ниту пак за датумот на издавање. Овој нов сингл веројатно претставува најава за нивното ново издание. Во продолжение слушнете како тоа звучи.

 

Извор и фото: roclubhits.com

 



Врати се горе ↑