Аудио 12654378_450962295101900_9023024770005180443_n

9 февруари, 2016

„Мора“ да слушнете за „Атер“ на „Правописецот“

Како што е познато, младиот музичар Дејан Илиев, кој се крие зад псевдонимот „Правописец“, неодамна го најави својот прв албум „Атермора“, од кој веќе имавме можност да ги слушнеме воведната медодија „Дошло“, „Дали си ти“, „Каде, „Ајде научи“, Роботам“, „Авантура“ и „Спиј“. На ова издание, кое е комплетно авторско дело на Илиев, се сместени 10 композиции, чиј аранжман го потпишува Дарко Тасев.

Со оглед на тоа што веќе го слушнавме поголемиот дел од материјалот, веќе се приближивме до самиот крај. Имено, деновиве беа објавени и последните три песни – „Атер“, „Мора“ и „Ошло“. Во првите две, во кои како вокал гостува Мартина Кимовска, преовладува малку пожесток звук, што претставува своевидна кулминација на албумот, а на крајот сфаќаме дека како „Дошло“, така  „Ошло“… Како звучи сето тоа слушнете во продолжение. Уживајте!

 

Сите десет песни можете да ги преслушате и на Јутјуб.



Врати се горе ↑