13 мај, 2014

Монти Пајтон се враќаат со „Lousy Song“

Легендарната комичарска екипа Монти Пајтон неодамна ја претстави песната „Lousy Song“ со која го најавува својот нов албум насловен „Monty Python Sings (Again)“ закажан за 9 јуни. Во новиот видео запис секако дека музиката е во втор план, макар што се знае за каква музика станува збор, а во прв план се гласовите на збунетите минувачи кои се дел од оваа забавна анкета. Песната за која се одговорни Ерик Ајдл и Греам Чепмен ќе биде претставена и на настапите во лондонската О2 арена и на кои ќе учествуваат и колегите Мајкл Палин, Џон Клиз, Тери Џонс и Тери Гилиам. Првиот најавен концерт е распродаден за рекордни 43,5 секунди, така што се додадени и нови датуми. Како што се наведува, за режијата на спектакуларните настапи на Монти Пајтон на кои ќе бидат претставени и најголемите хитови од нивната повеќедецениска кариера ќе биде одговорен Ерик Ајдл, додека за анимациите ќе биде задолжен Тери Гилиам.

Како звучи и изгледа „Lousy Song“ можете да видите горе, а во продолжение потсетете се на нивните поранешни хитови како што се „Always Look On The Bright Side of Life“ од филмот „Life of Brian“ (1979) и „Every Sperm is Sacred“ од филмот „Monty Python’s Meaning of Life“ (1983).

 

 



Врати се горе ↑