Видео bobi i damjan

2 јуни, 2013

Мојсоски и Пејчиноски ја воодушевија публиката во Белорусија

На 12-ти април годинава, македонските музичари Боби Мојсоски и Дамјан Пејчиноски настапија како специјални гости на вториот рок концерт „Smoke On The Water“ во Минск, Белорусија. Во придружба на претседателскиот оркестар предводен од маестро Виктор Бабарикин, нашите млади музичари ја воодушевија присутната публика, но и поширокиот аудиториум кој го следеше овој настан во живо преку националните телевизиски сервиси.

Мојсоски настапи со осум рок нумери од познатите бендови  AC/DC, Вајтснејк, Бон Џови, Дип Парпл… заедно со маестро Дамјан Пејчиноски, кој освен на заедничките синглови со Боби, се претстави и со негови инструментални изведби, а во продолжение уживајте во дел од нивните одлични настапи.

To Be With You (Mr. Big)

 

You Shook Me All Night Long (AC/DC)

 

You Give Love a Bad Name (Bon Jovi)

 

Smoke On The Water (Deep Purple)

 

Strings On Fire

 

Purple Rain (Prince)



Врати се горе ↑