Галерија 11760290_480801072084183_3172300624547082003_n

17 декември, 2015

Модниот свет застана зад Модел ТВ!‏

Новата он-лајн телевизија, специјализирана за мода, ги отвори своите врати и и се претстави на мекдонската публика. Идејата за обединување на модниот свет и модните работници во Македонија, чија реализација му недостасуваше на нашиот етер, конечно доби свое место! Публиката може да ја најде на доменот www.model.mk, со цел да ги следи најновите модни трендови и настани од модниот свет.

Генерално, идејата на тимот на Модел ТВ е да го обедини и му овозможи на модниот свет во Македонија, платформа преку која ќе се подобри комуникацијата и соработката помеѓу сите инволвирани фактори. Нашата визија е ширење и афирмирање на модната култура како нераскинлив дел од урбаното живеење. За таа цел, работиме на формирање академија која ќе ги собере највлијателните фактори кои ја сочинуваат моднта сцена, како и оние кои се подготвени да ја вложат својата енергија и страст во создавање на едно ново модно секојдневие и начин на живот! Поддршката беше евидента уште на чинот на свеченото отварање, која со своето присуство ја докажаа бројни естрадни уметници, наши колеги новинари, веќе етаблирани, но и млади перспективни дизајнери, познати make up артисти и фризери, модни блогери, кои се нашиот најголем сојузник во промовирањето на модата преку интернетот, како и претставници на сериозни компании кои веќе со години ја поддржуваат секоја манифестација која придонесува за напредок во оваа сфера.


Практично, Модел ТВ заедно со продукцијата која стои зад неа, ќе се обиде визуелно да го доближи модниот свет и случувањата во него на широката публика, преку покривање на културни и модни настани, изложби, организирање фотосесии и снимање кратки модни видеа, со цел промоција на нашиот креативен потенцијал. Главниот фокус ќе биде промовирање на новиот, креативен бран, преку мултимедиална изведба, со неопходната помош од страна на искусните и докажани модни работници, кои се желни своето искуство да го вложат во реализација на потенцијал кој ќе создаде моден-поредок по глобални стандарди. Нашиот мотив е потребата нашето општество посериозно да се изгради на ова поле, не сомневајќи се во успехот!


Она што го нудиме е следно ниво на згодна комуникација, катализатор на напредокот и соработката во светот на модата. Зближување на модната индустрија и креативната мисла, овозможување на простор за промоција на оние кои ја комплетираат сликата за перфекција и луксузен начин на живот. Според планираното, Модел ТВ, ќе земе активно учество и во организирање на модни ревии и семинари на кои ќе се слави убавината, квалитетот и луксузот!


За успешно остварување, покрај поддршката која ја добивме од модниот свет, неопходна ни е поддршката на нашите колеги новинари кои се во можност преку медиумскиот простор да ја рашират нашата искрена идеја, на кои за возврат им нудиме отвореност за секаков вид на соработка и позитивен колегијален однос.

Милош Милачиќ

Целата галерија од свеченото отворање погледнете ја на Фејсбук.



Врати се горе ↑