Аудио

25 февруари, 2019

Моделот Кристина Поптрпева ја објави својата прва песна

Кристина Поптрпева – името кое досега сте го слушале како дел од нашата модна сцена, позната како манекенка, мисица и модел, една од најангажираните модели на модното студио Црнокрак, полека но сигурно влегува во музичките води, од неодамна и како дел од проектот „Саунд месинџерс“ на Ерик Фокс.

На нејзини 12 години Кики го совладува курсот за манекени и оттогаш почнува да го живее модниот свет… Сме ја гледале на бројни ревии, реклами, каталози, билборди, во многубројните музички спотови и избори на убавина во Македонија и надвор од неа. Од изборите за убавина би ги издвоиле: Miss Globe 2016 во Албанија – титула Мис Талент во конкуренција од 50 девојки со изведба на песната „Writing’s On The Wall“ од Сем Смит и Miss Elegant Universe 2018 во Либан – титула Мис Европа.

Покрај нејзината природна убавина и атрактивен изглед, Кристина реши да го прикаже и нејзиниот талент за музика, кој како пакет се надеваме ќе ви се допадне. Имено, Кристина ја сними својата преработка на песната од Дејвид Гета, Биби Рекса и Џеј Балвин – „Say My Name“, чие видео го изработи нашиот фотограф Тоше Јанев – Јанус, а како звучи и изгледа сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑