Македонија

2 ноември, 2016

„Многу солзи“ на Маја е најголем хит на „Еврофест“

Песната „Многу солзи“ на Маја Оџаклиевска е прогласена за најголем хит на „Еврофест“, кој викендов во Домот на АРМ во Скопје го одржа своето јубилејно, 20. издание. Авторот на песната Раде Радивојевиќ, освен наградата за песната, се закити со уште едно признание, награда за животно дело. Иста награда доби и бугарската пејачка Јорданка Христова.

Покрај „Многу солзи“, во балетска изведба се пееше уште еден хит од „Еврофест“, „Сонце во твојте руси коси“ од Тоше Проески, на авторите Григор Копров и Огнен Неделковски. Струмичката група „Интервали“ победи во националниот конкурс, а првите награди ги освоија Ристо Краповски и „Уни бенд“ од Валандово.

 

На „Еврофест“ настапија пејачи од Украина, Молдавија, Грција, Хрватска, Бугарија и од Албанија. Младата Албанка Артемиса Мити ја освои Гран-при наградата. Првата награда замина кај Ален Бичевиќ од Хрватска. Гран-при на град Скопје му беше доделена на Харис Корнарос од Грција од советот на фестивалот, а првата на Натали Дениз од Украина.

Младата пејачка Антонија Гиговска доби награда наречена „ѕвездата е родена“. Катерина Стојановска-Десковска доби признание за нејзиното 20-годишно водење на фестивалот, чиј директор е Костадин Костадиновски.

Извор: Вест / Фотографија: Радован Вујовиќ (Телеграф.мк)



Врати се горе ↑