Настани ImageProxy

14 април, 2014

Многу нови сцени и нови изведувачи на Сигет‏

На официјалната годишна СИГЕТ прес-конференција на Сигет која се одржа на 14 април во Будимпешта во популарниот А38 Брод, беа презентирани годинешните планови за структурата на сцените и програмата на фестивалотМеѓу другото, организаторите открија и 5 нови музички имиња – Outkast, Manic Street Preachers, The 1975, R3hab и Madeon – кои ќе им се приклучат на претходно најавените  Queens of the Stone Age, The Prodigy, Macklemore, Imagine Dragons, Bastille, Skrillex, Placebo, Lilly Alen, The Kooks и многу други. Шоуто за затворање на фестивалот ќе биде презентирано од страна Calvin Harris и официјално ги потврдиме претходните наговестувања дека шоуто за отворање на фестивалот ќе биде презентирано од Deadmau5. 

Сигет годинава ќе се одржи од 11-18 август и на посетителите ќе им овозможи уште еден фестивалски летен одмор од соништата! 

„Да се овозможи програма со големи интернационални музички ѕвезди беше навистина голем предизвик изминативе години токму поради тоа што Сигет се случуваше на почетокот на август кога сите поголеми имиња вообичаено се на турнеја во САД и Јапонија и не беа во можност да ја прифатат нашата покана да настапуваат на Сигет.  Се чини дека го направивме вистинскиот потег што го поместивме датумот на случувањата една недела подоцна (11-18 август), па сега имаме можност во програмата да вклучиме и многу поголеми имиња во споредба со минатата година. Од друга страна не се откажуваме од нашата стратегија секоја година Сигет да понуди и волшебно визуелно дожувување и унапредување на услугите на располагање на посетителите, па подгответе се за уште едно одлично издание на фестивалот“, изјави Карољ Геренди, генералниот менаџер и основач на Сигет.

Една од најзначајните промени во овогодишното издание е дека Денот 0 (12 август), ќе понуди многу посилна музичка програма во споредба со минатите изданија. На овој ден ќе настапат Anti-Flag, Ska-P и Queens of the Stone Age. За разлика од лани кога имаше грандиозно затворање на фестивалот, оваа година ќе има и грандиозно отворање со Deadmau5, како загревање за престојаната недела дена забава без граници.

Сигет е замислен како заедница на голем број весели луѓе од целиот свет. Уште од првото издание Сигет усшешно ја остварува својата мисија овозможувајќи активности и за помалите и за поголемите групи на луѓе. Оваа година се воведува нова сцена наречена Campfire Stage или во слободен превод Сцена покрај камперскиот оган која е дизајнирана да овозможи настап и на професионални, но и на аматерски музичари кои ако бидат избрани, ќе имаат акустичен перформанс покрај огонот. Оваа сцена ќе симболизира и оддавање посебна почит и меморијал за големиот фестивал Вудсток, таткото на сите гоелми фестивали во светот кој се одржа токму пред 45 години.

Sziget Community Garden ќе биде уште една нова свежа сцена не само на Сигет, туку и воопшто на целата фестивалска сцена во светот.  Таа ќе ги пречекува сите посетители со отворени гледишта и ќе го презентира светот на урбаните градини. Плажата Сигет (Sziget Beach) беше воведена лани и доживеа инстант популарност, па со оглед на тоа и оваа година ќе биде дел од програмата на фестивалот.  И кога веќе споменавме некои од поспецифичните сцени на Сигет, мораме да го споменеме и квартот на  Ruin Pubs (Пабови во урнатини), кои се едни од поспецифичните обележја на ноќниот живот на Будимпешта.

Во 2014 на главната сцена повторно ќе има забави од типот на колор парти, забава со знамиња, забава со балони, забава со топки за плажа, забава со меурчиња и сл.

Всушност, оваа година забавата ќе започне многу порано со една посебна Мисија: Сигетанец!  

Mission: Szitizen е интернационална игра која ќе ги мотивира Сигетанците ширум светот да покажат штo умеат! Тимови од 2 до 4 Сигетанци ќе се натпреваруваат пред почетокот на фестивалот, обидувајќи се да остварат определени задачи- мисии кои рангираат од полесни па до најлуди идеји за докажување на талентот и мотивацијата. Натпреварот ќе се одвива паралелно и на он-лајн платформа каде тимовите ќе ги прикачуваат видео/фото материјалите од нивните достигнувања. Најдобрите ќе бидат наградени со одлични награди за време на самиот фестивал.

Освен Вудсток, оваа година е уште една значајна годишнина – Падот на Берлинскиот ѕид точно пред 25 години. По овој повод, во соработка со берлинската арт сцена ќе биде поставен ѕид со должина од 100 метри, декориран од улични артисти, но и од самите посетители Сигетанци.

Сигет 2014 ќе воведе и промени за љубителите на електронската музика. Старата Арена веќе го надмина својот капацитет, па оваа година поголемите имиња од електронската сцена ќе настапуваат на Главната сцена на Сигет, но и голeмиот А38 шатор ќе биде домаќин на електронски музичари вклучувајќи ги и најновите потврдени артисти за оваа година Madeon и R3hab. А и сцената Колосеум ќе биде со многу поголем капацитет кој веруваме ќе придонесе таа да прерасне во уште еден парти центар.

Најдобрите унгарски бендови и диџеи ќе настапуваат на посебна сцена Petőfi Radio VOLT Festival Stage.

Уште еден спектакуларен новитет е воведувањето на World Village, сцена со огромен капацитет која оваа година на едно место ќе го презентира светското музичко наследство односно програмите од сцените Рома, Афро-латино и Хунгарикум. На World Village ќе настапуваат по шест бенда секој ден и тоа најголемите ѕвезди од овој т.н. world music жанр. Изведувачите ќе бидат од сите краишта на светот: Мали, Конго, Аргентина, Израел, Канада и тн. Рома музика со врвен квалитет ќе биде истотака застапена, а тоа што е исто значајно, по завршувањето на настапите на музичките групи, ќе следуваат настапи на познати диџеи. Преку ден на оваа сцена ќе има најразлични афро- работилници, курсеви за свирење ударни инструменти, таи масажа, капоеира и самба изведби, а програмата Хунгарикум ќе биде посветена на унгарската народна култура вклучувајќи и курсеви за танцување, презентации на ракотворби и многу повеќе.

Програмата на сцената  World Village Stage  ќе ги вклучи и настапите на Bassekou Kouyate & Ngoni Ba, Besh o droM, Canzoniere Grecanico Salentino, Depedro, DJ Click, DJ Gaetano Fabri, DJ Kosta Kostov, El Juntacadáveres, Fanfarai, Fanfara Transilvania, Gasmac Gilmore, Gipsy Burek Orkestar, Jupiter & Okwess International, Kobo Town, La Yegros, Napra, Oy Division, Parno Graszt, Pannonia Allstars Ska Orchestra, Projekt Rakija, Rupa & the April Fishes, Romengo, Russkaja, Söndörgő, Terakaft, The Sexican, Winston McAnuff & Fixi и Yasmine Hamdan.

Поголема и поколоритна ќе биде и сцената Europe Stage, која ќе ги и обедини поранешните Mambo Stage и Holland meets Hungary. Вистинско место кадешто ќе можете да се запонаете со новите надежни таленти од Европа. Во 2014 оваа сцена ќе биде и место каде ќе се презентира берлинската музичка сцена, но исто и музиката од Италија, Холандија, Шпанија и многу други земји од Стариот континент. Не заборавајте да го посетите и Youropen Talent Festival, кој истотака ќе се случува на оваа сцена на 11 и 12 август и ќе ги промовира победниците од 14 земји.

Љубителите на блузот и ирската музика ќе ги најдат своите омилени музичари на едно место и тоа на сцената Blues and Irish Stage која ќе биде посветена и на големиот Andor Olah, одличен блуз музичар но и посветен организатор на унгарската музичка сцена, кој за жал неодамна почина.

Уште една нова сцена ќе биде Улицата на универзитетите  (Street of Universities). Ако ја сакате Унгарија и би сакале овде да студирате, ова е вистинското место кадешто можете да се информирате за сите можности.

Ако сте посетител со отворен ум дефинитивно не смеете да пропуштите да ја посетите  Sziget Art Zone, уметничкиот центар на Островот на слободата. Визуелните арт форми се сè позначајни за Сигет, па организаторите објавија и Отворен повик за изработка уметнички инсталации вклучувајќи ги и џиновските склуптури, но и Статуата на слободата на Сигет. Посетителите оваа година ќе бидат сведоци на уште поинтересно улично осветлување, но и цветни инсталации и џиновски песочници со песочни склуптури.

Џиновската панорама Sziget Eye која ќе гостува во Будимпешта во текот на целата летна сезона, за време на Сигет ќе се пресели на Островот на слободата. Но, уште неколку важни нешта ќе се преселат на Сигет- најдобрите ruin pubs, музеи па дури и опери од Будимпешта, но сепак Сигетанците ќе мора бар еднаш да прошетаат и низ Будимпешта, а на располагање ќе им бидат и услугите на Будапест Ситипас (слободен јавен превоз, влез во спа центрите и голем број други попусти).

Веќе потврдени сцени и програми на Сигет 2014 се: Fidelio Culture Zone, Magic Mirror, Cirque du Sziget, WAMP, Street Theatres, Before I Die, Luminarium, Cökxpon Chill Garden, Tarot Labyrinth, NGO Island, Ability Park, Budapest Park Tribute Stage, Rubik Sziget and the Logical Games Tent, Sports Zone.  Наскоро ќе објавиме повеќе детаљи за овие сцени.

Билетите по намалена цена може да се набават до 30 април и тоа преку нашата веб продавничка и мрежата на Купи карти за сè.

За повеќе информации погледнете на www.szigetfestival.mk.
Наскоро: www.balkan.szigetfestival.com

Како потсетување, еве што сè беше најавено изминативе недели (по азбучен ред):

ГЛАВНА СЦЕНА СИГЕТ
Anti Flag, Bastille, Bombay Bicycle Club, Die Fantastischen Vier, End Show sa Calvin Harris, Imagine Dragons, Jake Bugg, Lily Allen, Macklemore & Ryan Lewis, Manic Street Preachers, Opening Show sa Deadmau5, OutKast, Placebo, Prodigy, Queens of the Stone Age, Ska-P, Skrillex, The Kooks.

A38 СЦЕНА
Bonobo, Borgore, Brody Dalle, Crystal Fighters, Djaikovski ft. Tk Wonder and Mc Wasp, Fink, Girls in Hawaii, Jagwar Ma, Kavinsky, Klaxons, Laidback Luke, London Grammar, Madeon, Michael Kiwanuka, Miles Kane, Mount Kimbie, Palma Violets, R3hab, Starlight Girls, Stromae, The 1975, The Big Pink, Tom Odell, Wild Beasts…

 



Врати се горе ↑