Видео

5 јули, 2019

Младиот велешки рапер Данев дебитира со „Наше маало“

Ако добивте впечаток дека изминатиов период се појавија многу млади музички надежи, имате право. Тие не само што докажуваат дека Македонија е расадник на музички таленти, туку и ја освежуваат нашата сцена, воедно збогатувајќи ја македонската музичка историја. Најновиот од нив доаѓа од Велес, градот во срцето на нашата земја, од каде што само во изминативе неколку месеци добивме бројни синглови и изданија од различни жанрови и изведувачи.

Станува збор за младиот рапер Алекс Данев, кој штотуку го објави својот деби-сингл насловен „Наше маало“, чии стихови си ги потпишува сам, а музиката, аранжманот и продукцијата се на неговиот сограѓанин, велешкиот продуцент Темелко Андреев. Сето тоа стигна во комплет со екранизација, за која се погрижија Орхан Асанов и Зоран Ѓоргиев.

Во самото видео може да се забележи и поддршката од колегата Нешо, кој периодов е актуелен со неговиот прв самостоен албум „Балканизам.

„Свежа велешка крв заплива низ раперските води со прва официјална песна, изработена од еден од најдобрите на просторов Темелко Андреев (Sidechain production)! Чест ми е што сум дел од видеото на Данев со тоа искажувам дека го поддржувам овој проект! Проверете слушнете и прегледајте“, порача тој.

Што има да каже Данев за „Нашето маало“, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑