Настани

30 април, 2018

„Младински фестивал“ денес и утре во Штип

Под отворено небо во Домот на млади во Штип за денес и утре (30 април и 1 мај) се најавени два различни музички целодневни настани, споени заеднички како дводневен „Младински фестивал“ (Youth festival 2018). Во Домот денеска од 16.00 часот е најавенo првото издание на „We call it…Techno“ во организација на „Хепи пипл“.

„Ова издание доаѓа со исклучително познати имиња од интернационалната и добро познатата домашна техно-сцена.  На едно место ќе ги собереме најдобрите артисти кои ќе се погрижат за одличната забава од пладне до раните утрински часови. Со големо задоволство ви го најавуваме добро познатиот артист и продуцент Кристијан Кракен (Christian Craken), кој ќе биде дел од оваа незаборавна фестивалска вечер“, стои во најавата за денешниот настан.

Исто така, најавени се и Панишер, Лесја, Цветански, Балакроз, Артикјулејт, Нино Менсини и Ненат Омен. 

Фотографија на Filip Najdovski.

Вториот ден е резервиран за психоделичниот фестивал „Армакедон“, кој на 1 мај се враќа по трет пат во Штип. Организаторите „Актив медитејшн мјузик“ (Active Meditation Music) потенцираат дека го одбрале Дом на млади како локација каде има отворена сцена, но и затворен простор во случај на дожд што спречи неколку журки на отворено последниве неколку години.

„Одлична музика од најдобрите македонски артисти, место за кампување, храна и пијалоци, жонглери и перформанс со оган, визуелна уметност, и сето тоа по пристапни цени за нашата хипи публика!“велат организаторите.

Фотографија на Active Meditation Music.

За фестивалот што започнува од 12 часот се најавени десетина артисти, продуценти и диџеи од психоделичната транс-сцена, меѓу кои и Демонијак Инсомнијак (Demoniac Insomniac), сопственик на издавачката „Актив медитејшн мјузик“, Близаргон Демогоргон (Blisargon Demogorgon) од „Бутешвара рекордс“ (Bhooteshwara Records), потоа Сет (Seth), Фоби (Fobi), „Мајкромомент“ (Micromoment), „Екстрасензори персепшн“ (Extrasensory Perception), но и Селпрохал (Selprohal), кој е дел од колективот „Фелинкс“ (Phoelynx) од Битола.

Исто така, свои сетови ќе имаат и Рас ал Гул (Ra’s al Ghul) и Ди-Елф (D.Elf), а аудиториумот ќе има можност да го слушне и колаборацискиот „Cosmos Disorder на Сет и Демонијак Инсомнијак. Специјален перформанс со оган ќе има групата „Ејсид трипл“ (Acid Tripple) од Битола, додека за УВ-декорот е задолжен Афандреналин (Afadrenalin).

Извор: Радио МОФ



Врати се горе ↑