Балкан

20 јули, 2018

Младата надеж на српската поп-музика – Mарија Жежељ го објави видеото за новиот сингл „Аll The Girls“

Инспирацијата за новото видео, режисерот Лазар Богановиќ ја пронаоѓа во грандиозните  модни филмови и кинематографијата на американските криминални филмови. Екранизацијата ја следи женската екипа на Марија Жежељ во освојувачкитот поход низ бројни белградски локации, меѓу кои и собите на преубавиот имот на Бел двор, стилизиран внимателно во одбраните ретро-парчиња на српските дизајнери на чело со Марко Илијев и Сашо Стевиќ, талентираните стилисти и дијзанери кои стојат зад локалниот бренд МATES.

И покрај тоа што бевме многу возбудени да работиме на овој проект, многу ни беше важно да обратиме  внимание на деталите како боја, текстура и ексцентичност на секое парче, за да го комплетираме ретро-изгледот на спотот, како и бунтовната природа на секоја од овие моќни девојки. Дадени им се парчиња облека со кои можат да играат, изгледаат прекрасно, а истовремено можат да влезат насила во некоја луксузна вила, на некој интригантен и младешки начин“, велат од тимот стилисти за видеото „All The Girls“.

Земајќи ја предвид модната кариера на Марија, сосема природно е во видеото да ѝ се придружат колешките- модели од нејзината матична агенција „Модел скаутинг офис“ (Model Scouting Office) – Сара Вручиниќ, Снежана Гасиќ и Мања Здравковиќ, кои, исто така, веќе градат успешна кариера како модели во светските престолнини на модата – Њујорк, Милано и Париз.

Во своето ново видео Марија соработува со Лазар Богдановиќ, еден од моментално најакутелните музички видеографи во регионот, а инаку и директор на фотографија на нејзиниот дебитантски спот  Dance Like Nobody’s Watching“ , објавен во јуни 2017. Oваа година Лазар стои зад концептот на овој моден филм, како и режисер на видеото за песната „All The Girls“, придонесува за понатамошниот музички развој на Марија спојувајќи ги двата нејзини најголеми интереси и таленти – музиката и модата.

„Многу сум горда на тоа што заедно (со popmaché) ја направивме оваа песна. Давањето на сила на жените е една навистина битна тема и сметам дека имав обврска да зборувам за неа и со својата публика. Во спотот ја споивме мојата музичка кариера и кариера како модел. Лазар и MATES направија одлична работа и едноставно не можам да дочекам да ги слушнам реакциите на моите фанови и публиката“, рече младата пејачка за своето ново видео. 

Марија својата музичка кариера ја започна минатата година, а зад себе веќе има објавено три сингла Dance Like Nobody’s Watching“ – заразен поп-деби со кој веднаш ги освои срцата на домашната и странската публика;  „Louder Than A Drum“, песна која нè води зад кулисите на возбудливиот живот на Марија, а сега и All The Girlsлетна женска химна која ги охрабрува девојките и жените, и им говори дека никогаш не треба да ја изгубат гордоста и да се борат за себе.

Соработката со продуцентското дуо „Попмаше“ (popmaché) дојде природно после соработката на првите два сингла, од кои првиот беше номиниран и за песна на годината на австриските музички награди „Амадеус“ (Amadeus Austrian Music Awards) во категоријата „Музички автор на годината“ (Songwriter Of The Year). Марија беше доста зафатена меѓу првиот и најновиот сингл, не само со завршувањето на средното образование, туку и со настапот на споменатите музички наградисо освојувањето на наградите „Најдобар ар-ен-би видео/сингл“ на регионалните награди „МТС визија“ (MTS Vision Awards)а со Алекс Аином (Аlex Ainom), во текот на неговата промо-турнеја во Виена, заедно ја изведоа песната Does It Feel Like Falling пред новинарите, локалните инфлуенсери и колегите.

Врз основа на големиот успех на претходните изданија во земји како Германија, Австрија, Шведска, сигурно можеме да кажеме дека со новиот сингл и видео Марија е на добар пат да стане глобална поп-ѕвезда.

Marija Instagram Marija Facebook | Marija Twitter



Врати се горе ↑