Аудио mks-600x450

25 јули, 2013

MKS со нов имиџ и ремикс на актуелниот сингл „Flatline“

Оригиналните три членки од популарното британско трио Шугабејбс, кои од неодамна настапуваат под новото име МKS, Матја, Кејша и Шибон на почетокот на месецов го претставија својот втор сингл „Flatline“, за кој пристигна и ремикс издание. Но, тоа не е сè! Во неодмнешната фотосесија за магазинот Interview, девојките го трансформираа својот имиџ во интересна, по малку мрачна, но истовремено и класична комбинација.

Во интервјуто за горенаведениот магазин, во врска со претстојниот албум девојките изјавија дека ќе биде „емотивен и вокален, со повеќе жанрови и различни ритми“, додавајќи: „Мислам дека можеме да се пронајдеме во секој тип на музика, но едноставно мораме да го направиме на наш начин.“  

Ремикс изданието на „Flatline“ го направи Клаксонс, а како звучи тоа можете да слушнете во продолжение.

Извор: Idolator



Врати се горе ↑