Аудио mutya-keisha-siobhan-2012-600x450

15 март, 2013

MКS се враќаат со нова песна заедно со Кендрик Ламар

Поранешните и оригинални три членки на популарната британска група Шугабејбс – Матја, Кејша и Шибон, кои сега настапуваат под името МКS (Мutya Keisha Siobhan), се враќаат на музичката сцена со нова песна. Станува збор за соработката со раперот Кендрик Ламар, продуцирана од Дев Хајнс (Blood Orange), кој соработувал и со Соланж Ноулс и Скај Фереира. Новото музичко парче е насловено „Lay Down In Swimming Pools“, а претставува и вовед во новиот материјал кој девојките веќе подолго време интензивно го подготвуваат. Во продолжение слушнете како звучи новата песна од МТS.

Извор: Idolator



Врати се горе ↑