13 март, 2015

„Мјуз“ се враќаат со „Psycho“

Британското рок трио „Мјуз“ (Muse) неодамна го најави своето седмо студиско издание кое ќе го носи насловот „Drones“, а ќе пристигне на 8 јуни годинава. Првиот официјален сингл, со кој бендот ќе започне со освојување на топ листите, ќе биде темата „Dead Inside“, чија премиера е закажана за 23 март. Но, како прв „залак“ од новиот материјал момците ја објавија песната „Psycho“, чиј текстуален видео запис Ве очекува горе.

Претстојниот албум на групата ќе содржи 12 песни и ќе биде продолжение на изданието „The 2nd Law“ од 2012 година. Списокот со песни можете да го погледнете во продолжение.

Dead Inside
[Drill Sergeant]
Psycho
Mercy
Reapers
The Handler
[JFK]
Defector
Revolt
Aftermath
The Globalist
Drones



Врати се горе ↑