Аудио muse

19 мај, 2015

„Мјуз“ го објавија новиот сингл „Mercy“

„Мјуз“ претставија уште една песна од претстојниот, седми по ред студиски албум „Drones“, кој се очекува на 8 јуни. Станува збор за темата насловена „Mercy“, моќна песна со звуци на клавир која потсетува оние од ерата на „Black Hole“ и „Revelations“, но со нова енергија и поинаков став!

„Почетокот на песната: ’Help me I’ve fallen on the inside’ се однесува на тоа дека протагонистот нешто изгубил, дека тоа го препознал и се изгубил себеси“, вели фронтменот на групата, Мет Белами, додавајќи: „Тогаш сфаќа дека го обзеле мрачните сили кои беа претставени во песната ’Psycho’“. Како звучи сето тоа слушнете во продолжение.

 

Покрај „Mercy“ и „Psycho“, како прв сингл од претстојното издание беше објавена и темата „Dead Inside“, која можете да ја слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑