За Вас

12 август, 2018

„Мижи! Замисли промена!“ – кампања за подигнување на еко-свеста кај граѓаните

„Буден театар“ ја започнува кампањата „Мижи! Замисли промена!“, преку која се стреми да ги поттикне возрасните граѓани и децата активно да се вклучат во мапирање на еколошките проблеми и да „замислат“ можни решенија за почист и поубав град.

Вклучете се во кампањата на следниов начин:

  • Пронајдете локации во вашата средина кои се неприфатливи од еколошки аспект, односно локации пред кои градот „замижува“;
  • Пред мапираната локација фотографирајте дете, со замижани очи;
  • Прашајте го детето како тоа место би можело да се промени кон подобро;
  • Фотографиите и идеите на децата објавете ги јавно (public) на вашите Фејсбук и/или Инстаграм профили со хаштаговите #ЗамислиПромена #БуденТеатар #Скопје, или испратете ги на е-мејлот zamislipromena@gmail.com најдоцна до 1 септември 2018 година.

Кампањата е отворена за сите жители на Скопје и околината. Еден автор може да објави најмногу 5 фотографии. Фотографиите треба да бидат лично дело на објавувачот и нема да биде дозволено преземање фотографии од интернет. Не е задолжително фотографиите да бидат направени со професионален апарат. Фотографиите заедно со пораките ќе бидат објавувани во фотоалбум на официјалната страница на Фејсбук.

Најдобрите 10 фотографии со испишаните детски замисли за промена ќе бидат изложени на фреквентна локација во Скопје и ќе бидат дел од промотивната кампања на Меѓународниот фестивал за детски театар ФЕНЕР.

Во рамките на фестивалот ФЕНЕР ќе бидат организирани 3 еколошки акции со кои ќе се оствари промената која е замислена од страна на децата. Буден Театар го задржува правото да ги одбере трите фотографии и идеи според кои ќе ги реализира овие акции, во однос на она што во моментот е остварливо.

Вклучете се во кампањата затоа што преку грижата за околината активно ја манифестирате грижата за сопствените деца.



Врати се горе ↑