Балкан laibah

8 ноември, 2012

„Мизар“ предгрупа на скопскиот концерт на „Лајбах“

Kултниот македонски состав „Мизар“ ќе настапи како предгрупа на концертот во Скопје на легендарната словенечка група „Лајбах“. Настанот ќе се одржи на 17 ноември на Сајмиште. На почетокот на 80-тите години на минатиот век, „Мизар“ и „Лајбах“ со своите проекти „Македонска стрелба“ и „Neue Sloweniscche Kunst“ станаа гордост на бунтовните и прогресивни луѓе во Македонија и во Словенија. Двете групи во јуни годинава настапија на иста сцена на „Ај кју мјузик фестивал“ во Белград, каде што главна ѕвезда беше американскиот музичар Мерлин Менсон.

„Лајбах“ доаѓа во Скопје во рамките на светската турнеја „We Come In Peace“. Музичарите минатата година работеа на музиката за научнофантастичниот филм „Железно небо“ (Iron sky), кој е делумно инспириран од нивната музика.

Во април составот почна турнеја на која покрај нумерите од филмот, ги изведува и ремек-делата од претходните изданија, како „Geburt Einer Nation“, „Leben Heisst Leben“, „Across the universe“ и тн. На листата се вклучени и песни од нивните два нови албума „Laibach Revisited“ и „Reproduction Prohibited“.

Извори: balcanrock.com и dnevnik.com.mk



Врати се горе ↑