Видео

6 август, 2018

Мите Стоилков му посвети песна на Оливер

Младиот пејач Мите Стоилков му посвети песна на легендарниот музичар Оливер Драгојевиќ, кој почина на 29 јули. Победникот на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Пинк“ од 2016 година, ја препеа неговата омилена песна од Оливер – „Вјеруј ми“.

По повод заминувањето на големиот музички уметник Oliver Dragojevik кој зад себе остави многу големи и слушани хитови…

Gepostet von Mite Stoilkov/OFFICIAL am Dienstag, 31. Juli 2018

„По повод заминувањето на големиот музички уметник Оливер Драгојевиќ, кој зад себе остави многу хитови кои и понатаму ќе се слушаат, направивме преработка на еден од најголемите хитови, ’Вјеруј ми’. Ви го претставувам и мојот официјален бенд за соработка – ’Дежаву бенд’ – и ветуваме уште многу нова музика“, изјави пејачот.

Мите е од струмица и има 23 години. Пред две години, на шоуто „Ѕвездите на Пинк“, победи благодарение на изведбата на македонската традиционална песна „Зајди, зајди“, со која ги освои симптаиите на жирито во Белград.

Извор: Женски магазин



Врати се горе ↑